Македонија останува запаметен како претседател во време на тешки државни предизвици

ВМРО-ДПМНЕ: Почит кон делото на претседателот Борис Трајковски, ја водеше државата низ периоди на сериозни искушенија

-Неговата политика на дијалог и единство претставува потсетник дека државничката зрелост, храброста и чувството за одговорност се темел на секоја стабилна и суверена држава. Денес, повеќе од две децении подоцна, останува обврската да се чува државата, да се гради единство и да се продолжи патот на стабилност и напредок. Нека е вечен споменот на Борис Трајковски, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ оддава почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на неговиот кабинет и екипажот кои трагично ги загубија животите во авионската несреќа. Борис Трајковски останува запаметен како претседател во време на тешки државни предизвици, човек кој со смиреност и одговорност ја водеше Македонија низ период на сериозни искушенија. Неговото делување беше насочено кон зачувување на мирот, стабилноста и меѓународниот углед на државата, велат од владејачката партија.

-Неговата политика на дијалог и единство претставува потсетник дека државничката зрелост, храброста и чувството за одговорност се темел на секоја стабилна и суверена држава. Денес, повеќе од две децении подоцна, останува обврската да се чува државата, да се гради единство и да се продолжи патот на стабилност и напредок. Нека е вечен споменот на Борис Трајковски, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top