Македонија Стево го демантира Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски еднаш велеше дека не смее да се користи ниеден државен ресурс во кампањата, а сега оди на промоција на проекти и молчи за користење на службени коли за партиски цели

„Пендаровски го погази достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени“ – велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски еднаш велеше дека не смее да се користи ниеден државен ресурс во кампањата, а сега оди на промоција на проекти и молчи за користење на службени коли за партиски цели

Стево Пендаровски е докажан во тоа, едно да зборува, а друго да прави. Тој говореше дека не смее да се меша државата со партијата и најдобар доказ за тоа било да не се користи ни најмалиот државен ресурс во кампањата за претседател. Но како што бива најчесто, Стево го демантира Пендаровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред само неколку дена Стево Пендаровски беше на промоција на проектот брана Конско, проект почнат во време на ВМРО-ДПМНЕ, а завршен сега. Со други зборови овој проект нема никаква врска со Пендаровски и неговата функција претседател. Но злоупотребата не е само во тоа. По завршувањето на настанот, како што регистрирале медиумите, тој со службеното возило се упатил во Струмица на партиски настан на СДС. Знае ли Стево што е мешање на партија и држава? Дали за Стево Пендаровски сега е нормално тоа што вицепремиерот Маричиќ дојде со службен автомобил да се потпише за поддршка на неговата кандидатура за претседател? Ако Пендаровски заборавил ние ќе го потсетиме што зборувал порано, а што прави сега, се наведува во партиското соопштение.

„Наместо параноично тој и СДС да бараат виновници и да се пресметуваат со критичари, најдобро би било да почнат да даваат одговори на јавноста. Не треба да бегаат од вистината. Граѓаните гледаат и можат да проценат сами.

Пендаровски го погази достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени“ – велат од партијата.

Најнови вести од Македонија

To top