Пендаровски да каже дали ќе го бојкотира вториот круг кога катастрофално ќе загуби во првиот. Пендаровски е свесен за поразот на 24 април. Митинзите на Пендаровски се со по 100 луѓе, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Митингот во Кисела Вода беше целосен дебакл за СДС како идна најголема опозициска партија. Народот одамна не му верува на Пендаровски, затоа што 5 години нема свој став, и кога и да кажеше нешто, или сам се демантираше потоа или го демантираа СДС и ДУИ, особено вторите пред кои молчи и стои мирно. Пендаровски да се охрабри и јасно да каже дали ќе прибегне кон бојкот на вториот круг по поразот и дебаклот кој ќе го доживее на 24 април? Народот си ја враќа државата во свои раце, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ порачува: „Пендаровски губи, затоа што промените се во рацете на народот. Македонија повторно ќе биде горда“.