Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски ако сака да дебатира со претседателот Мицкоски нека стане претседател на СДС по поразот на 8-ми мај

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски ако сака да дебатира со претседателот Мицкоски нека стане претседател на СДС по поразот на 8-ми мај

Пендаровски ако сака да дебатира со претседателот Мицкоски нека стане претседател на СДС по поразот на 8-ми мај, а до тогаш да и се извини на Силјановска за навредите, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ откако кандидатот за претседател Стево Пендаровски го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дуел.

Од партијата истакнуваат дека Стево Пендаровски очигледно му врзал, како што велат, свилен гајтан на Димитар Ковачевски и уште од сега си ја најавува амбицијата за иден претседател на СДС од опозиција.

-А до 8-ми мај, Пендаровски има доволно време да собере грам доблест и да се извини за сите навреди кон Гордана Силјановска Давкова. Изливите на мизогинија и навредите на Пендаровски само покажуваат дека тој ниту е демократ, ниту е созреан за функцијата претседател. Жално е што човек како Пендаровски беше претседател на Македонија. Промените се на чекор од нас. Народот ќе си ја врати државата. Македонија повторно горда, порачуваат од ВМРО-ДММНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top