Македонија реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе како до сега, правдата доаѓа

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе како до сега, правдата доаѓа

На СДС изгледа уште не им е јасно дека лагите и клеветите веќе не проаѓаат како до сега, правдата доаѓа. По нивните клевети за Бојан Христовски, директор на АНБ, ДКСК излезе со став дека нема основа за постапување против директорот, Христовски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Освен лаги и измами, СДС не знае што друго да понуди на народот. Затоа се партија на дното, на анкетите и имаат рејтинг еквивалентен на статистичка грешка. ВМРО-ДПМНЕ има пет пати повисок рејтинг од нив, а Мицкоски има седум пати поголема доверба кај граѓаните во однос на Филипче.

Времето на криминалниот тандем СДС и ДУИ, која работеше на штета на граѓаните е минато. Матните тендери, игрите на среќа, скандалите во РЕК Битола и многу други се веќе под лупа на правниот систем.

Македонија се трансформира!, потенцираат од партијата,

Најнови вести од Македонија

To top