Македонија Скандал „Диво Месо“

ВМРО-ДПМНЕ: На Онкологија се набавувале лекови од омилената веледрогерија на власта, по цени повисоки од тие кои ги дозволувал ФЗО и така се трупал долгот на клиниката кон добавувачот

Јавното Обвинителство втор месец води само предистрага за скандалот на Онкологија.

ВМРО-ДПМНЕ: На Онкологија се набавувале лекови од омилената веледрогерија на власта, по цени повисоки од тие кои ги дозволувал ФЗО и така се трупал долгот на клиниката кон добавувачот

Скандалот „Диво Месо“ на клиниката за онкологија покажува колку метастазирала канцер мафијата која во соработка со властите правела милиони на грбот на најтешките пациенти. Ваквата спрега не можела да функционира без знаење на највисоките функционери во министерството за здравство кои се директно одгoворни за состојбите во здравството, но и јавните набавки, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ

-Извештајот од вонредната контрола на клиниката покажал дека на нарачките на терапијата кон добавувачите е по цена која речиси по правило била повисока од цената која ја одобрувал Фондот за здравство. Со тоа во исто време се трупале долгови, а омилената веледрогерија на власта била полнета со народни пари. За некои лекови е искористена можноста да се набават дополнителни 20% и на тој начин се правеле залихи, а во исто време од други лекови постоел недостиг, па пациентите биле принудувани да ги набавуваат лековите како знаат и умеат, без да имаат можност да ги рефундираат средствата. Да потсетиме дека пациенти и нивни семсјства сведочеа дека биле принудени да купуваат лекови од црниот пазар, да чекаат со денови за терапија, а некои се сомневаат дали воопшто добивале терапија или само физиолошки раствор, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ

Јавното Обвинителство втор месец води само предистрага за скандалот на Онкологија.

-Нема ни официјална истрага, а камо ли пак обвиненија и онвинети. Тоа само покажува дека Јовевски, Абази и врвот во обвинителството спроведуваат нова операција со крајна цел да го обвинат кабелот на Онкологија. Не се ни свесни дека колку повеќе ја одолговлекуваат истрагата, или не дај Боже решат да ја забошотат, тогаш ќе остават црна дамка врз целокупниот здравствен систем. Потребни се имињата на одговорните, бидејќи колку се развлекува, толку ќе се валкаат сите бели мантили во Македонија. Ако мислат дека на тој начин ќе заштитат евентуално некого од одговорност затоа што е близок до власта или до било кој од канцер мафијата, тогаш се лажат. Многу скоро после промената на власта ќе следи детална истрага и одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top