Македонија Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ да имаше доблест ќе поднесеше оставка, Македонија не е во ЕУ поради криминалот на ДУИ и СДС и нивната неспособност да обезбедат фер позиции

„Навистина е губитнички обидот на Маричиќ за сопствената неспособност да бара виновници во други“.

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ да имаше доблест ќе поднесеше оставка, Македонија не е во ЕУ поради криминалот на ДУИ и СДС и нивната неспособност да обезбедат фер позиции

Маричиќ да имаше грам доблест денес наместо да бара виновник во опозицијата, требаше да си поднесе оставка, неговото министерство после ќорсокакот со ЕУ, губи поента, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Навистина е губитнички обидот на Маричиќ за сопствената неспособност да бара виновници во други.

Министер е за европски прашања на Влада која државата ја потопи во криминал, ја уцени со бугарски диктати, и која нема ниту милиметар мрднати на европскиот пат.

Всушност Маричиќ е доказ како политичарите без кичма, и без визија ја заглавуваат државата. Македонија не е во ЕУ поради криминалот на ДУИ и СДС, и неспособноста на владата и дипломатијата да обезбеди фер позиции за Македонија“ – велат од партијата.

To top