Македонија

ЈО да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР и да истражи каде завршиле над 200 илјади евра од Детска клиника

СДС и ДУИ на власт, институциите и државните ресурси ги гледаа само како место од каде ќе испумпаат државни пари во нивни приватни џебови, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

ЈО да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР и да истражи каде завршиле над 200 илјади евра од Детска клиника

СДС и ДУИ на власт, институциите и државните ресурси ги гледаа само како место од каде ќе испумпаат државни пари во нивни приватни џебови, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Недомаќинското работење со институциите на системот од страна на СДС и ДУИ секојдневно излегува на површина.

Тоа го потврдуваат и релевантните институции, како Државниот завод за ревизија. Таков е и примерот со Извештајот за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година.

Во него може да се види дека вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката е за 13.9 милиони денари помала од вредноста искажана во сметководствената евиденција, а на крајот на годината била помал за 12 милиони денари.

Се поставува прашањето, зошто се јавува толкава разлика во материјалната евиденција во споредба со сметководствената?

Ова отвора сомнежи и индиции за сторен криминал во вредност од над 200 илјади евра.

Дали над 200 илјади евра, место за инвестиции во клиниката и третман на нај чувствителната категорија граѓани, децата, завршиле во приватни џебови?

Ова е состојба само во една здравствена установа и тоа само за една календарска година, а кој знае што правеле СДС и ДУИ во останатите установи во текот на нивното седум годишно владеење.

За ваквото недомаќинско и криминално управување со државните институции мора да има одговорност.

Го повикуваме Јавното обвинителство да не чека, веднаш да постапи по наводите во Извештајот на ДЗР и да испита каде завршиле над 200 илјади евра од детска клиника, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top