Македонија Крушево

ВМРО-ДПМНЕ И Фондацијата КОНРАД АДЕНАУЕР на политичка академија

„Политиката е најуспешна, кога е најблиску до граѓаните, на локално ниво, каде мораме да се грижиме за потребите на своите граѓани.„

ВМРО-ДПМНЕ И Фондацијата КОНРАД АДЕНАУЕР на политичка академија

Во рамки на одличната континуирана соработка, Истражувачкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ „Љубиша Георгиевски“ и Фондацијата Конрад Аденуер организираат тридневна академија наменета за активисти од ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, насловен како „Важноста на ефективната комуникација во градењето успех“.

Тренинг-семинарот го отвори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ја истакна важноста на транспарентната и отворена и отчетна комуникација со граѓаните, во време на кампања, но и по преземањето на одговорноста да се води државата.

„Со учеството во политичкиот живот, вие повеќе не сте само граѓанин, туку имате одговорност да ја претставувате на најдобар можен начин ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани. Затоа, таа комуникација мора да биде сериозна, посветена и достоинствена. Граѓаните заслужуваат политичари кои вистински се грижат за државата.“

На отворањето се обратија и Даниел Браун официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, како и Гринтер Крихбаум пратеник во германскиот Бундестаг и портпарол на ЦДУ.

Во своето поздравно обраќање, Официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун истакна

„Професионалниот и позитивен настап е од големо значење за една политичка партија на сите нивоа. Локалното ниво е првата визит-карта на една партија за да ги убеди граѓаните во нејзината суштинска и лична компетентност во политичкото работење. ВМРО-ДПМНЕ е партија со силни корени во градовите и општините. Важно е истите да се зајакнат и понатаму да се развиваат овие вештини и способности, бидејќи довербата на граѓаните секогаш одново треба да се придобие“.

Во своето обраќање пратеникот од ЦДУ, Гинтер Крихбаум, ги поздрави високите претставници на општински комитети истакнувајќи дека „политиката е најуспешна, кога е најблиску до граѓаните, на локално ниво, каде мораме да се грижиме за потребите на своите граѓани.„

Тој истакна дека се надева дека и ВМРО-ДПМНЕ како членка на Европската Народна партија, ќе има можност наскоро да учествува на изборите за Европскиот Парламент, жалејќи поради билатерални разлики во минатото, што го одолговлечиле процесот на приклучување на земјата во ЕУ. Охрабрувајќи ги учесниците да продолжат со следните чекори во правец кон Европа, при што цврсто можат да сметаат на поддршката на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, но особено на ЦДУ како партија.

Тридневниот настан ќе се осврне на теми како што се улогата на општинските комитети во ефективната комуникација со граѓаните, комуникација и соработка со општинските комитети во рамки на изборните единици и ефикасни модели на односи со јавноста, етичност во комуницирањето, односите со медиумите, социјалните медиуми и нивната употреба за ефикасна комуникација со различни целни групи, како и стратешко позиционирање.

Пред присутните свое излагање ќе имаат и Ѓоргија Сајкоски генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, Гордана Димитриеска Кочоска, Владо Мисајлоски и Тимчо Муцунски, секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски и членот на ИК и портпарол Марија Митева.

To top