Филипче се однесува како да е штотуку дојден после 40 години во земјава како мал заминал во Јапонија и сега се вратил и се однесува како јапонски турист. Оваа негова моќ да се преправа како да не е од тука е на ниво на стрип јунак, реагираат на ставовите од ВМРО-ДПМНЕ.
Да го потсетиме дека тој е суштински дел од проблемот на неказнивост. Узурпирајќи ја под наредба на Заев фотелјата на лидерското место во СДС тој освен што сака не казнивост туку и се надева дека ќе заборавиме дека му беше и се уште му е извршител на Заев во сите матни работи.
Вакво глумење како Филипче нема ни во цел Холивуд веќе. За Нетфликс да не зборуваме.
Неговите способности за вакво однесување мора да се гледаат освен со осуда и презир и со воодушевување поради тоа што ретко има човек со ваков ѓон од образ да зборува за работи чиј неизоставен дел е и самиот тој. Тој е дел од мрачното минато на лопувлок и предавства кои во Македонија ако сакаме да постои, не смее да се повтори. И му порачуваме Македонија ќе успее и ќе победи. А неговата глума и ова патолошко однесување народот го гледа јасно и го препознава.
Македонија не може целосно да победи ако финално не ги порази последните обиди на Заев преку неговиот тендер-хирург Филипче да се врати во власта.
Народот тоа го знае и освен што ќе изгубат и треба да одговараат еден по еден за сите неправди кон Македонија и целата штета што и ја направија.
Филипче се осврнува на неказнивоста свесен дека обвинителско судските кругови се во рацете на неговиот газда Зоран Заев и неговиот инструктор Али Ахмети. Место да покаже зрелост и да ги тргне рацете од судството и обвинителството тој го потценува народот по којзнае кој пат и мисли дека со триковите и измамите на Заев ќе успее да добие некој глас плус. Но затоа е прочитан и затоа на закажан протест на СДС имаше повеќе новинари од протестирачи. Народот знае со кого си има работа. И за жал на следните избори ако СДС вака продолжи ќе дојде на ниво на 100 илјади гласови и ќе им следи пасокизација, стои во реакцијата на партијата.