Македонија По скандалозната изјава на опозиционерот

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Ако Македонија е како Иран, дали Заев е Ајатолахот, а ти неговиот прв проповедник?

-Знае ли некој која беше целта на пресот на Венко Филипче и што е тоа што ново го кажа? Очигледно денес портпаролката Кузеска има слободен ден, па нејзиниот претседател Венко Филипче излезе да го каже истото што го повторуваат како грамафонска плоча. Бесцелни, досадни и манипулативни, посочуваат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Ако Македонија е како Иран, дали Заев е Ајатолахот, а ти неговиот прв проповедник?

Се прашуваме на кого се обраќа Филипче со овие изјави со кои покажува дека не е присутен во реалноста. Загрижувачки е кога гледаме ваква опозиција потоната во свој микро свет каде сите се лоши само тие се добри. Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран и Венецуела? И ако е Македонија како Иран, дали со оглед на тоа што СДС беше на власт 7 години а во влада скоро 9 ( со се техничката), ова значи дека Заев е Ајатолахот а Филипче неговиот прв проповедник? – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Знае ли некој која беше целта на пресот на Венко Филипче и што е тоа што ново го кажа? Очигледно денес портпаролката Кузеска има слободен ден, па нејзиниот претседател Венко Филипче излезе да го каже истото што го повторуваат како грамафонска плоча. Бесцелни, досадни и манипулативни, посочуваат од владејачката партија.

„Кога Филипче зборува за економија, добро е да се потсети дека е претставник на владата каде тој беше министер а Заев премиер, каде 500 илјади луѓе живееја со само 150 денари на ден, и влада која најави и ги чекаше Фејсбук и Гугл како единствени инвестиции кои никогаш не дојдоа. Што се однесува до човековите права и споредбите со Иран, Ајатолахот, а и Филипче беа дел од една иста влада која спроведе најбрутална политичка пресметка и политички прогон преку инструментите на СЈО. Тоа СЈО прерасна во огромна кражба и рекет машинерија од која Филипче историски и политички треба да се срами. СДС на чело со Филипче нема визија ниту за сопствената партија ниту за државата, токму затоа се на политичкото дно“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-На Македонија и е потребна одговорна и конструктивна опозиција, а не политички театар. Во Македонија право и правда мора да има а институциите да профункционираат. Секој што го прекршил законот мора да одговара, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top