Македонија Реакција

ВМРО-ДПМНЕ бара целосно да се расветли случајот со приведувањето на Фуркан Салиу: Да му се почитуваат сите негови права и слободи како новинар

ВМРО-ДПМНЕ не поддржува насилство, и осудуваме било каков напад врз службено лице на МВР, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ бара целосно да се расветли случајот со приведувањето на Фуркан Салиу: Да му се почитуваат сите негови права и слободи како новинар

Ја браниме и во целост ја почитуваме новинарската дејност и слободата на новинарите да известуваат и пишуваат за настаните и темите од јавен интерес, без било какви пречки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Секој еден новинар ја има нашата поддршка. ВМРО-ДПМНЕ не поддржува насилство, и осудуваме било каков напад врз службено лице на МВР. Тоа треба да се осуди од сите чинители и доколку се потврди дека тоа е сторено, тогаш сторителот треба да ги сноси сите последици согласно законите и Уставот. Бараме целосно да се расветли случајот со приведувањето на новинарот Фуркан Салиу и да се почитуваат сите негови права и слободи како новинар, велат од партијата.

To top