Македонија состојба на патишта

Влажни коловози на патиштата, во западните делови снежни врнежи

Влажни коловози на патиштата, во западните делови снежни врнежи

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo наместа влажни коловози. Во западниот дел од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но засега не претставуваат пречка за одвивање на сообраќај.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести од Македонија

To top