Македонија

Владика г. Партениј: Делото на Свети Климент е бесмртно

Владика г. Партениј: Делото на Свети Климент е бесмртно

Делото на Свети Климент е бесмртно и претставува таинство на Црквата Божја зашто тој не „соѕида градба на туѓ темел“, туку од почеток го положи своето дело на непропадливиот и вечен темел – Христос, порача владиката г. Партениј, Старец на Свештената Бигорска Обител, по повод големиот христјански празник Свети Климент Охридски.

-За најбрзо време ја воздигна новородената словенска култура до степенот на другите, внедрувајќи го во неа своето беспрекорно богољубие, љубовта кон словото, просветлението и осетот за возвишеното и за убавото. Порача заедно со другите синови по дух на Божествените Кирил и Методиј – меѓу кои во прв ред стои неговиот собрат, соподвижник и сострадалник, светиот Наум Охридски – Рамноапостолниот Климент успеа да ги облагороди нашите предци со евангелското слово и да ја охристови словенската опшност, преобразувајќи ја во род избран, царско свештенство, народ свет, додава владиката во својата порака.

Посакува „благослов и молитви на Свети Климент нека почиваат врз ова Христово стадо, воздигнувајќи ги нашите срца во областите на Божествената љубов и радост и љубовта што тој ја има кон Бога нека биде со сите вас“.

To top