Македонија Владата ги спаси скопјани

Владата пресече и обезбеди нафта за автобусите на ЈСП, Скопјани можат да бидат мирни

Владата се вклучи во решавање на овој проблем, при што се донесе одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба.

Владата пресече и обезбеди нафта за автобусите на ЈСП, Скопјани можат да бидат мирни

Владата ќе ги отвори стоковите резерви и ќе достави гориво за автобусите на ЈСП да можат редовно да сообраќаат низ главниот град, одлучено е на денешната вонредна владина седница.

ЈСП во следниот период, ќе треба да направи тендер, со кој ќе обезбеди редовна набавка на гориво за своите автобуси.

Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше констатирана лошата состојба и недостиг на гориво за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие.

Владата се вклучи во решавање на овој проблем, при што се донесе одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба.

Со ова се овозможува да се позајмат на Градот Скопје дел од нафтените резерви на државата.

Денес меѓудругото Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје.

Со ова Владата го затвора прашањето со настаната потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај, соопштуваат од Владата.

За веќе закажаната седница на Советот на град Скопје, попладнево од 18 часот, дел од советниците велат дека нејзиното одржување е беспредметно, но со оглед дека веќе е закажана, ќе ја искористат за изнаоѓање на одржливи решенија за проблемот со јавниот градски превоз во Скопје.

Од утринава, граѓаните сами се организираа да стигнат на работа, на училиште, на лекар, па застануваа по автобуските постојки и собираа граѓани кои одеа во ист правец со нив.

Инаку, денеска, во сообраќај во главниот град пуштени се околу 30-тина автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие од кои 25 се на природен гас и уште неколку кои имаат резерви на нафта, потврди  директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски.

 

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top