Македонија

Влада: Не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово, СДСМ да не шири дезинформации

Влада: Не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово, СДСМ да не шири дезинформации

Постоеше таков предлог за именување на в.д. заменик на директор на КПД Идризово, но по направените дополнителни проверки истиот не е прифатен, реагираат од Владата на прес-конференцијата на СДСМ.

Лицето нема да стапи на функција, и ќе има ново именување на позицијата на следната седница на Влада.

-Во однос на директорот на затворот во Прилеп за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без пресуда која е правосилна не е гаранција за сторено кривично дело, појаснуваат од таму.

Од Владата апелираат СДСМ да не шпекулира и да ја дезинформира јавноста.

To top