Изминатото деноноќие имало вкупно девет пожари на отворено во државава. Пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК апелираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Центарот за управување со кризи информира дека во последните 24 часа имало вкупно 1 924 повици на бројот за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 44,75 отсто, а 55,25 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 48,83 отсто, кон итната медицинска помош 46,09 проценти, а кон пожарникарите 2,73 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.