Македонија македонија

ВизЕР укинува летови од Скопје кон ТРИ европски градови

Нема повеќе летови од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста. Унгарската нискобуџетна компанија „Визер“ ги укина овие дестинации.

ВизЕР укинува летови од Скопје кон ТРИ европски градови

Нема повеќе летови од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста. Унгарската нискобуџетна компанија „Визер“ ги укина овие дестинации.

На сајтот на компанијата ги нема повеќе овие дестинации со почетокот на зимскиот распоред на летање, и не може да се купат билети. Засега нема информации дали се укинати само периодично, или трајно.

Летото до Келн се укинува поради високите давачки за услуги од страна на германските власти. Меѓутоа авиокомпанијата ќе ги зголеми летовите од и до Дортмунд така во ноември и декември ќе има летови шест пати неделно, а околу Нова година ќе се лета секој ден до оваа дестинација.

Оние кои летаа до Копенхаген, сега ќе може да го користат аеродромот во Малме, кој е многу блиску до главниот град на Данска.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски пред неколку дена кажа дека со субвенции од Владата догодина се воведуваат нови четири авиолинии од Скопскиот аеродром. Унгарската „Визер“ доби субвенции за Барселона, Лион и Штутгарт и летовите ќе почнат од 30 јуни, додека „Флај Дубаи“ од март го враќа летот до Дубаи.

To top