Македонија пет нови авилинии

„Виз Ер“ со летови: До Скопје од Будимпешта и Наполи, до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

Николоски соопшти дека „Виз ер“ на Скопскиот аеродром од следната година ќе има постојана флота со шест авиони и оти прави замена на постојните Ербас А320 со Ербас А321 нео. Бројот на 200-те вработени од држвава во авиокомпанијата се планира да се зголеми за 100.

„Виз Ер“ со летови: До Скопје од Будимпешта и Наполи, до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

Со субвенции од државата се воведуваат уште пет нови авилинии. До Скопскиот аеродром од 6 април следната година ќе се лета од Наполи и Будимпешта, а до Охридскиот аеродром од 28 јуни од Катовице, Вроцлав и Милано, објавија денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и Џозев Варади, главниот извршен директор на Виз Ер.

Николоски соопшти дека „Виз ер“ на Скопскиот аеродром од следната година ќе има постојана флота со шест авиони и оти прави замена на постојните Ербас А320 со Ербас А321 нео. Бројот на 200-те вработени од држвава во авиокомпанијата се планира да се зголеми за 100.

Министерство за транспорт

Како што посочи Николоски, авиокомпанијата ќе го зголеми капацитетот за патници за околу 50 проценти од следната година и ќе понуди 3.300.000 седишта за Македонија.

– Имаме навистина убава оперативна платформа во земјата, шест летала до крајот на годината, рути од Скопје и Охрид и над 200 вработени во земјата, а сето тоа доаѓа до 3,3 милиони седита што ќе бидат достапни во 2026 година што е голем скок во однос на 2012 година, рече Варади.

Како што информира Николоски, субвенциите за авиокомпанијата ќе изнесуваат по девет евра по патник на доаѓање на Скопскиот аеродром и 12 евра на Охридскиот аеродром.

To top