Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и нејзината партија Нова Алтернатива, а воедно и носителка во Изборната единица 1, доживеа тешко фијаско на вчерашните парламентарни избори.
Имено, Арсовска во Изборната единица 1 каде што ја предводеше и листата на Нова Алтернатива осво ини помалку, ни повеќе туку само 1.571 гласа или во проценти само 0,85%, што претставува вистински дебакл.
Инаку, Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори на цела територија на Македонија вкупно освои само 3.438, или за партијата на Арсовска гласале само 0,34%.
За споредба, на локалните избори во 2021 година, кога Арсовска која тогаш беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ го победи Петре Шилегов во трката за скопски градоначалник, па во првиот круг освои 86.698, а во вториот 118.749 гласови.
На вчерашните двојни избори во Македонија убедлив победник е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со вкупен број 58 освоени пратенички мандати, како и победата со огромна разлика во трката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова.