Македонија едногласно

Вилма Русковска разрешена од функцијата јавен обвинител

Членовите на Советот на јавните обвинители едногласно ја разрешија поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител.

Советот донесе и одлука за намалување на платата за 30 проценти во траење од шест месеци на јавната обвинителката Ивана Трајчева.

Ова доаѓа откако претходно, дисциплинската комисија на Обвинителството одлучи да побара разрешување на Вилма Русковска од нејзината обвинителска функција.

Станува збор за предлог од Државниот обвинител Љубомир Јовески, кој смета дека бил прекршен законот при упадот и претресот во Финансиската полиција и кај тогашниот директор Арафат Муареми.

To top