Македонија Важеше за најмоќен обвинител во Македонија

Вилма Русковска од синоним за партизирано обвинителство до разрешен обвинител

Од најмноќна обвинителка во државава до оцрнета пензионирана обвинителка. Заврши кариерата на Вилма Русковска која важеше за блиска личност до СДСМ.

Вилма Русковска од синоним за партизирано обвинителство до разрешен обвинител

Обвинителката Вилма Русковска која во јавноста беше позната како синоним за партизирано обвинителство со тоа што се вршеше политички прогон кон одредени луѓе кои не беа дел од власта и се противеа на власта се доведе да веќе стане разрешена и пензионирана обвинителка.

Од ВМРО-ДПМНЕ по разрешувањето на Вилма Русковска истакнаа дека сега Русковска ќе има шанса да ги признае сите злодела.

,,Како обвинител за кој многупати реагиравме дека е инструмент на власта во прогонот кон неистомислениците и патриотите, Вилма Русковска допрва ќе има прилики да зборува и да ги признае сите злодела кои ги извршила како и тоа по чија наредба. Ова е само мала правдина за неправедно осудените, вистинската ќе дојде со нивната слобода и кривичната одговорност за Русковска и нејзините соучесници“, сooпшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ исто така посочија дека правтата иако некогаш е спора, таа сепак пристигнува.

-Правдата е некогаш спора, но секогаш пристигнува. Без оглед на околностите кои денес доведоа до тоа крајот на кариерата на Вилма Русковска да биде преку разрешување од функцијата обвинител, колку помалку „вилми“ има, толку подобро за правдата, довербата во судството и граѓаните, велат во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега веќе разрешената обвинителката Вилма Русковска се памети и за политичкиот прогон со кој бараше на лицата од 27 април да им се суди за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Па така можеме да констатираме дека таа од позиција на најмоќен обвинител со познатиот синоним за политички прогон и партизирано обвинителство Вилма Русковска, нејзината СДСМ ја пушти низ вода со нејзиното разрешување од обвинителка.

To top