Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска е во работна посета на општина Илинден, каде ќе се сретне со градоначалникот на општината, Александар Георгиевски.
Фокус на средбата ќе биде поддршката на нашата земја преку европските фондови и потребите на општината за поголемо искористување на овие средства со цел реализација на проекти од интерес за граѓаните.
Европските фондови се од голема важност за македонската економија бидејќи помагаат и во развојот на компаниите, но и ги стимулираат бизнисите на што повеќе нивно искористување.