Хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици при МВР вчера дејствуваа врз пожарите во реонот на Старо Нагоричане и кај Пехчево.
Како што соопшти МВР, хеликоптерот Бел 412 во 28 циклуси исфрли 42 тони вода и со тоа е ставен под контрола еден од краците кај с.Малотино.
Хеликоптерот Ми 171 во текот на целиот ден, а подоцна и заедно со хеликоптерот Бел 412, а во координација со службите на терен успешно ставија под контрола еден од пожарите над селото Негрево, стои во соопштението.
Хеликоптерот Ми 171 во 30 циклуси исфрли 75 тони вода, а хеликоптерот Бел 412 во 33 циклуси исфрли 49 тони вода.