Конечно на лице место фатени дрвокрадци кои пустошат на радовишка Плачковица, вели заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.
-Заедно со Шумската Полиција од ПС Скопје денеска на лице фативме дрвокрадци кои изминатиов период правеа партал во Радовишко. Одземени се две моторни возила, една моторна пила и други средства кои ги користеа денеска дрвокрадците! Сторителите се идентификувани и против нив веднаш ќе бидат поднесени кривични пријави, информира тој.
Михаилов порачува дека нема недопирливи.