Мечка и две мали мечиња излегоа на пат во Маврово. Видео од овој случај сподели еден корисник на платформата „X“.
Општината Маврово и Ростуше веќе неколку години е сардисана од огромен број на кафеави мечки, строго заштитен вид во земјата, кои во потрага по храна за мечињата често ризикуваат да се спуштат во населените места и да ги посетат дворовите на мештаните.
Само што ми стигна од село Маврово
Паметен ја птестанав да одам
Шала на страна многу се накотија, и лани есента имаше проблеми, тек оваја ќе биде циркус
Треба контролирано намалување на број на мечки во националниот парк (врувам дека и на шара и пелистер е слично) pic.twitter.com/8znOlO1U4l
— Нешо (@nesosk) May 31, 2024
Во потрага по храна мечките често ризикуваат да се спуштат во населените места, а со нив доаѓаат и мечињата. За дел од посетителите тие се вистинска атракција покрај патот, или додека си играат на дрвјата.
Според проценките што ги дава Општина Маврово и Ростуше, на територијата на националниот парк има од 160 до 180 мечки, а според одредени норми од стучни лица, нивниот број би требало да биде 70.