Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони дрога запленети во Србија.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица за опојна дрога. Од МВР најавуваат повеќе детали по завршувањето на активностите.
Полицијата синоќа заплена речиси десет тони марихуана во Скопје, поврзани со претходно одземените пет тони во Србија, а складирани во кругот на фирмата инволвирана во случајот со нелегалниот шверц.
Паралелно со оваа заплена се спроведуваше и втора акција во струмичко, каде што биле запленети дополнителни 18 тони марихуана.
Акцијатаја ја вршеше МВР под насоки на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Според извори од полицијата запленета била марихуана со вкупна количина од околу 27 тони, и претставува најголема конфискација на дрога досега во Македонија.