Македонија Билатералната соработка

Вицепремиерот Стоилковиќ се сретна со српската министерка за економија Месаровиќ, потпишан меморандум за соработка

Потпишувањето на Меморандумот претходеше на македонско-српскиот бизнис форум којшто се одржува во скопскиот хотел „Александар Палас“, а на кој се присутни над 200 компании и најмалку 300 учесници. 

Вицепремиерот Стоилковиќ се сретна со српската министерка за економија Месаровиќ, потпишан меморандум за соработка

Во Владата на Македонија денеска беше потпишан меморандум за соработка со Република Србија. Меморандумот беше потпишан од страна на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и српската потпретседателка на Владата и министерка за економија Андријана Месаровиќ.

Претходно, вицепремиерот Стоилковиќ и српската министерка за економија Месаровиќ остварија заедничка средба на која беше разговарано за билатералната соработка и за нејзино интензивирање.

Потпишувањето на Меморандумот претходеше на македонско-српскиот бизнис форум којшто се одржува во скопскиот хотел „Александар Палас“, а на кој се присутни над 200 компании и најмалку 300 учесници.

При вчерашната посета на Стоилковиќ и Месаровиќ на компанијата „Пекабеско“ и винаријата „Камник“ беше оценето дека потенцијалот за соработка меѓу двете држави е голем особено во делот на прехранбената индустрија и дека тенденцијата е размената да се зголеми.

To top