Денес остваривме работна посета на приватната детска градинка „Мариф Киндергарден“ во општина Брвеница, установа која згрижува околу 200 деца на возраст од 9 месеци до 6 години. Градинката е пример за современи стандарди, посветен воспитен кадар и грижа што одговара на потребите на секое дете, објави заменик министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.
Како Министерство за социјална политика, демографија и млади, остануваме цврсто определени кон унапредување на системот на згрижување и рано детско образование. Препознаваме дека првите години од животот се клучни за развојот, и затоа нашите политики се насочени кон создавање достапни, квалитетни и инклузивни услуги за сите деца, потенцираше Велковски.
Тој додаде дека посебно ја истакнуваме важноста на соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор, како и улогата на локалната самоуправа, во создавање силна и одржлива мрежа на услуги за ран детски развој.
-Нашата цел е јасна: ниту едно дете да не остане надвор од системот на грижа и поддршка. Со политики што обезбедуваат еднакви можности за сите, вложуваме во иднината на секое дете без разлика каде расте, кој му е социјалниот статус или од која средина доаѓа, нотираше во објавата.
Децата се нашата иднина, а ние сме тука да изградиме општество кое се грижи, штити и инвестира во нивниот развој од првиот ден, објави Велковски.