Заменик министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски беше во работна посета во Центарот за социјална работа во Штип, каде што заедно со вработените разговараа за подобрување на условите за нивната работа и секојдневните предизвици со кои се соочуваат.
Остварив работна посета во Центарот за социјална работа во Штип, каде што заедно со вработените разговаравме за…
Posted by Ѓоко Велковски on Monday, August 18, 2025
Особен акцент ставивме на придобивките од колективниот договор и зголемувањето на платите, кои претставуваат значаен чекор кон мотивираност и поголема сигурност на вработените.
Дополнително, дискутиравме и за имплементацијата на новите системи, кој ќе овозможи поефикасно управување со процесите и поедноставена комуникација со граѓаните. Со оваа дигитална трансформација, целта е социјалните услуги да станат побрзи, потранспарентни и подостапни за сите, истакна Велковски.
Со тимот од ЦСР Штип споделивме и мислења за тековното работење, идентификувавме конкретни предизвици и разговаравме за решенија кои ќе придонесат за поквалитетна поддршка на корисниците.
Верувам дека само со отворен дијалог и заедничка посветеност можеме да обезбедиме подобар систем на социјална заштита, кој ќе биде вистински во служба на граѓаните, додаде министерот.