Македонија ЗЕЛС форуми – Здружени во ставање крај на родово базираното насилство

Велковски: Родово базираното насилство е сериозен проблем кој не познава граници

Да продолжиме заедно да работиме за ставање крај на насилството врз жените и семејното насилство!, објави Ѓоко Велковски.

Велковски: Родово базираното насилство е сериозен проблем кој не познава граници

На ЗЕЛС форуми – Здружени во ставање крај на родово базираното насилство, денес, имав чест да се обратам на темата: „Улогата на локалната самоуправа и предизвиците на давателите на услуги од центрите за поддршка на жртви на родово-базирано насилство“, објави Ѓоко Велковски Заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

„Родово базираното насилство е сериозен проблем кој не познава граници. Начинот на кој се справуваме со него го одредува степенот на уживање на правата на жените. Затоа, Министерството за социјална политика, демографија и млади посветено работи на:
– Унапредување на системот за заштита и поддршка;
– Спроведување на Истанбулската конвенција;
– Донесување на национални стратегии, протоколи и програми;
– Зголемување на свесноста во општеството за правата на жените и последиците од насилството“, потенцира Велковски во објавата.

-Превенцијата и колективните напори на сите нивоа како локално, национално и меѓународно се клучни за создавање фер и сигурно општество за сите. Да продолжиме заедно да работиме за ставање крај на насилството врз жените и семејното насилство!, објави Ѓоко Велковски Заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Најнови вести од Македонија

To top