Заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски, пратениците во собранието на република Македонија, денес направивме увид во градежните активности за изградба на новата градинка во Петровец, проект кој е од клучно значење за локалната заедница и уште еден доказ за нашата посветеност кон подобрување на животниот стандард на граѓаните, објави Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.
„Новата градинка, клон на ЈОУДГ „Авионче“, е во втората и завршна фаза на изградба. Со капацитет за 72 деца на возраст од 2 до 6 години со три современи занимални и најсовремени услови за развој и едукација на најмладите. Обезбедивме 9,5 милиони денари преку унгарскиот кредит за изградба и опремување, што претставува пример за искористување на достапните средства во служба на граѓаните.
На листата на чекање сево општина Петровец се 45 деца, а со пуштањето во употреба на овој објект ќе задоволуваат потребите за згрижување деца во општината. Нашата цел е ниту едно дете да не остане без пристап до предучилишно образование.
Овој проект не е само инфраструктура туку преставува и симбол на нашата решителност да градиме систем кој се грижи за секое дете, за секое семејство и за иднината на нашата заедница. Инвестициите во образованието, посебно во предучилишните установи, се основа за долгорочен и одржлив развој“, потенцира во објавата.
Продолжуваме да работиме со истата енергија и посветеност, водејќи политики кои навистина ги ставаат граѓаните во фокусот. Затоа што нашата обврска е не само да ветуваме, туку и да испорачаме резултати. Заедно градиме стабилна, напредна и просперитетна Македонија, држава која секој граѓанин со гордост ќе ја нарекува свој дом, објави Велковски.