Имав чест да се обратам на Регионалната конференција посветена на Пекиншката декларација за жените Ромки. Македонија посветено работи на вклучувањето на родовата перспектива во сите наши политики, бидејќи тоа е клучот за постигнување родова еднаквост и инклузија, соопшти Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.
-Горди сме на напредокот во интеграцијата на жените Ромки, но свесни сме дека пред нас стојат многу предизвици. Ќе продолжиме да работиме на создавање општество кое не исклучува, туку интегрира, и каде што секој граѓанин има еднакви можности за напредок и развој, потенцираше во обрајава на својот фејсбук профил.