Македонија расправа за предлог-буџетот

Велјановски: Сето она што беше во седум години разрушено, сега со овој буџет треба да се донесе „мирно море“ и да се говори за реформи, нови инвестиции

Во текот на денешната Комисија за финансирање и буџет од собраниската говорница свое обраќање имаше и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски кој укажа на обидот од страна на опозициските пратеници за целосен дефокус од она за што реално треба да се говори, а тоа се амандманите поднесени по Предлог-буџетот за 2025 година.

Во тој контекст, Велјановски најпрво се осврна на самиот Буџетот за 2025 година кој треба да се реализира во идниот период.

„Овој буџет содржи мерки за финансиска консолидација и дисциплинирано даночно трошење и мерки за поттикнување на економскиот раст. Значи, сето она што беше во седум години претходно разрушено, опљачкано, сега треба да се стабилизира, сега овој буџет треба да донесе едно „мирно море“, во кое што ќе може да се говори за унапредување, реформи и за нови инвестиции“, вели Велјановски.

Велјановски, обраќајќи се до пратеникот и поранешен претседател на Уставниот суд, Сали Мурати потсети на фактот дека изминатите седум години општеството не се движеше во правилна насока и дека за тоа е директно одговорна претходната власт, чиј коалиционен партнер бил самиот тој како претставник на турската заедница.

„Не може да се апстрахирате и вие, па и вашите колеги кои долго време беа на власт, дел од нив и 20 години, дека немаат никакво влијание во процесите за правата на сите заедници и сите тие се и виновници за сите фази на дискриминација кои се случувале во текот на овие години. Треба и вие добро да се запрашате со кого стоите во коалиција и со кого стоите рамо до рамо. Зошто вашите колеги- партнери не ги унапредија правата на Турците во овие седум години зошто сега се доведувате во ситуација да бидете најистурен играч на ДУИ, за да ги браните правата?“, концизен е Велјановкси.

To top