Македонија

Вељановски: Ние од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не сме против носење на дупови, но, ние сме против прекумерна изградба на згради во Карпош

Во врска со проект со Алумина, тој истакна дека на нив како советници им биле презентирани 3 различни урбанистички планови. Имено тој додаде додека не добијат точка на гласање со точен цртеж не може да верува никому, а најмалку на Јакимовски.

Вељановски: Ние од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не сме против носење на дупови, но, ние сме против прекумерна изградба на згради во Карпош

Ние од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не сме против носење на дупови, но, ние сме против прекумерна изградба на згради во Карпош. Карпош, сметаме, и тоа не само ние, туку и граѓаните сметаaт дека е преизграден. Во изминатите 15-20 години во Карпош се случија бетонски зданија кои што едноставно го спречуваат хуманото живеење на граѓаните на општина Карпош, изјави Роберт Вељановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош во своето гостување во Радио Лидер.

Вељановски во текот на своето гостување рече дека планот за изградба на згради кој е сега актуелен за Карпош за кој се вели дека личи на плановите од Дубаи, од Чикаго значајно е што канализациите таму се огромни, а не како кај нас цефки од 400 милиметри.

Кога вие сакате да ја проширувате населбата и кога ги зафаќате слободните парцели вие треба да предвидите дека треба да донесете нова канализација со поголеми фи на цевките. Да имате вие сериозна канализација таа не може да се затне. Точно е дека оној план кој сега е актуелен во моментот личи на планови од Дубаи, од Чикаго, ама вие знаете колкава е канализацијата во Чикаго, тоа е една мега структура, ние имаме цевки од 400 милиметри кој треба да ја осплужат целата населба, рече тој.

Во врска со проект со Алумина, тој истакна дека на нив како советници им биле презентирани 3 различни урбанистички планови. Имено тој додаде додека не добијат точка на гласање со точен цртеж не може да верува никому, а најмалку на Јакимовски.

Во врска со Алумина, нас како советници ни беа презентирани 3 различни урбанистички проекти, параметрите беа начелно задоволени во сите три. Јас додека не добијам точка на гласање со точен цртеж не можам да верувам никому, најмалку на Јакимовски, порача тој.

Најнови вести од Македонија

To top