Македонија Митинг во Долнени

Велјаноски: Да работиме заедно за нашите цели и нашата општина Долнени

Денес владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ одржа народен митинг во општина Долнени, каде свое обраќање имаа генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски, претседателот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник Сашко Велјаноски

Велјаноски: Да работиме заедно за нашите цели и нашата општина Долнени

Во општина Долнени денес ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одржа народен митинг на кој беа промовирани кандидатите за советници во советот на општината и кандидатот за градоначалник Сашко Велјаноски.

– Верувам дека денес сме собрани тука заедно затоа што ја препознаваме грижата, одговорноста и респектот што сите го имаме кон нашата општина. Сакам да ги поздравам сите присутни членови и симпатизери на партијата. Воедно да ги поздравам и да им заблагодарам на генералниот секретар Сајкоски и претседателот Христијан Мицкоски, за поддршката и довербата која ми ја даваат, вака го започна својот говор кандидатот Велјаноски.

Тој потенцираше дека е конечно дојде време општина Долнени да се тргне од рацете на ДУИ и конечно да почне да се работи на раст и развој на општината.

– Сосема е јасно дека нашата општина во изминатиов мандат претрпи  економска, духовна и морална криза.  Тие кризи се настанати, заради  нашиот колективен неуспех да се ослободиме од хипокризијата и неспособноста на претходното општинско водство. Заради тоа развојот на општина Долнени е во статус кво и е на ниво на непостоење. Затоа, на овие избори, треба да се фокусираме на оние кои што се добри, кои што сакаат, можат и имаат истрајност и знаење  за да придонесат за еволутивен раст на општина Долнени, истакна Велјановски.

– Со обединетост, издржливост и колективен дух за развој, можеме да ги пребродиме ветриштата на уништувањето што ги носат  арамиските тајфи што ги предводи ДУИ, и како граѓани на општина Долнени, да излеземе попаметни и посилни од стегите на овие пророци на апокалипсата за нас и нашата општина. Почитувани сограѓани, успехот не е прашање на среќа или случајност. Тоа е резултат на заеднички напорна работа, дисциплина и одлучност да се пробијат тешкотиите и препреките во нашите животи инсталирани од измамниците. Да не дозволиме моментите на тешкотии да не скршат. Да не дозволиме стравот од неуспех да не спречи. Мораме да станеме и да продолжиме, бидејќи само така ќе го постигнеме она што го сакаме во животот. Направи вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Заокружи го бројот 9!, изјави Велјаноски.

Најнови вести од Македонија

To top