Македонија

ВЕЧНА СЛАВА: 23 години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

ВЕЧНА СЛАВА: 23 години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 23 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Почит со положување цвеќе ќе им оддадат делегации на Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Собранието .

Од Министерството за одбрана најавуваат дека положувањето на венците со свежо цвеќе кај месноста Карпалак ќе се одржи во 09:00 часот, а во Прилеп од 13:00 часот.

Делегација на Собранието, во состав: Билјана Кузмановска, Миле Талевски и Павле Арсоски, ќе положи свежо цвеќе во 13:00 часот пред комплексот Карпалак во Прилеп.

На 8 август 2001 година, за време на конфликтот, кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, армискиот конвој беше нападнат од заседа.

Животот го загубија десет резервисти на Армијата.

To top