Македонија Меѓу редови

Вечерва на КУРИР: Низа теми со Мирослав Лабудовиќ, кандидат за градоначалник на општина Центар

Што велат математичките пресметки,  а какви се очекувањата? Како го оценува мандатот на својот противкандидат и какви сомнежи постојат за работењето на Герасимовски?

Вечерва на КУРИР: Низа теми со Мирослав Лабудовиќ, кандидат за градоначалник на општина Центар

Заврши првиот круг на локалните избори. Центар кој социјалдемократите сакаат да го претстават како свој бастион, не доби градоначалник од нивните редови. Во вториот круг, на гласањето во недела, центарци ќе бираат меѓу две опции – кандидатот на ЗНАМ поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата или кандидатот на СДСМ кој меѓу двата круга гласање се чини дека сака да се огради од матичната партија.

КУРИР вечерва објавува интервју со Мирослав Лабудовиќ, кандидат за градоначалник на општина Центар.

Водеше пријателска кампања, во која на своите соседи и сограѓани им понуди програма со низа проекти за подобар живот во Центар.

Што велат математичките пресметки,  а какви се очекувањата? Како го оценува мандатот на својот противкандидат и какви сомнежи постојат за работењето на Герасимовски?

Со Лабудовиќ разговаравме и за проектите, проблемите и кампањата, а тој во интервјуто за КУРИР ќе испрати и порака до сите центарци, без разлика за кој кандидат гласале во првиот круг или воопшто не излегле на избори.

Следете вечерва „Меѓу редови“ со Ивана Ефремовски, гостува Мирослав Лабудовиќ.

 

To top