Македонија Лавци и Смолево

Вечерва изби шумски пожар над Битола

Веднаш по дојавата за шумски пожар, на терен испративме три екипи. Теренот е непристапен, но ќе дадеме се од себе за пожарот да биде изгаснат или локализиран, изјави, командирот Тодоровски.

Вечерва изби шумски пожар над Битола

Вечерва, нешто по 21.30 часот изби шумски пожар над Битола, лоциран во атарот на селата Лавци и Смолево.

Командирот на Територијалната против пожарна единица-Битола, Христијан Тодоровски истакна дека екипи на ТППЕ-Битола се на терен за да го изгаснат или локализираат пожарот.

-Веднаш по дојавата за шумски пожар, на терен испративме три екипи. Теренот е непристапен, но ќе дадеме се од себе за пожарот да биде изгаснат или локализиран, изјави, командирот Тодоровски. (МИА)

To top