Македонија некрофилија

Вечер.мк: Инвазија и обука на демонстранти од Србија за протести во Македонија

Вечер.мк: Инвазија и обука на демонстранти од Србија за протести во Македонија

Јавноста се сеќава на вестите од пред околу месец дена дека властите од Србија протераа 15-тина припаднци (“активисти“) на соросовите невладини организации од Хрватска и Босна, а меѓу нив и две лица од Македонија кои биле на обука и учесници на протестите во Србија, пишува Вечер.мк.

Таа вест треба да се запамаети бидејќи најавуваше дека протести во соработка со српските демонстранти се планираат и во Македонија, и тоа далеку пред големата несреќа која се случи во Кочани. И, дојде денот кога тоа ќе се случува.

Се случува истото што се случуваше во 2016/2017та година кога српската телевизија Н1 која и сега е главен промотер на протестите во Србија објавуваше дека “со протестите во Србија и Македонија се случува балканска пролет“!

Додека властите во Србија лекуваат повредени Македонци од пожарот во Кочани, демонстрантите против таа српска власт подготвуваат протести – во Македонија.

За какви демонстранти се работи е веќе познато, со кој степен на насилство се служат, а вчера се случи дури и пукање во српската општина Оџаци кога еден од демонстрантите, Миша Милетиќ, водачот на протестот, двапати пукал во стомакот на Бојан Михајловиќ кој е дел од  обезбедувањето на општинската зграда во Оџаци.

Значи, гледаме инвазија и обиди за окупација на Македонија од српските демонстранти помогнати од домашните соросоиди. Формална причина – несреќата во Кочани, вистинска причина – борба за покажување сила – за нови пари и фондови сега кога се најавуваат кратење на пари од УСАИД и Америка и се бара алтернатива за нови пари од европските држави, пред се Холандија, Германија, Шведска и Швајцарија. Чист комерцијален протест на соросоидите за продажба на влијание, а врз мака и на штета на сите во Македонија.

Услови во кои се најавуваат протестите

Како што е лесно да се констатира дека протестите кои се во најава се чист комерцијален зафат на соросоидите да се дојде до нови пари откако ќе се покаже сила и моќ да се доминира и создаде хаос по нарачка, исто толку е тешко да се најде вистинска причина за протести.

Македонија, со власт која функционира само девет месеци, веќе е пример во регионот по странски инвестиции, реформи во здравството и образованието, сите проекти во градежништвото и инфраструктурата кои стоеа со години се во реализација… Тоа СДСМ, ДУИ и “невладините“ соросоиди не можат да го поднесат бидејќи најавува нивна долга опозиција.

Несреќата во Кочани е последица на корупција. Како што и несреќите кај Ласкарци, запалениот македонски автобус во Бугарија или пожарот во тетовската болница се производ на корупција. Сите три случаи – корупција нан СДСМ и ДУИ. Но, има разлики кој и како тогаш, а  како сега постапува по несреќите и што се случива по тие несреќи.

Целиот текст може да го прочитате на Вечер.мк.

Најнови вести од Македонија

To top