Македонија панел-дискусија

Василевска: Во периодот на владеење на СДС и ДУИ обвинителството имаше директна комуникација со извршната власт

Василевска укажа дека граѓаните се убедени дека политичките елити имаат директно влијание врз работата на органите на правосудството и нагласи дека во времето на владеењето на СДС и ДУИ имало директно мешање во работата на правосудството.

Василевска: Во периодот на владеење на СДС и ДУИ обвинителството имаше директна комуникација со извршната власт

На денешната панел-дискусија на тема „Негативниот годишен извештај за работата на Судскиот совет и потребата од реформи во правосудниот сектор во Македонија“ присуствуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска која се осврна на надлежностите и работата на Судскиот совет и потенцираше дека претставува суштинска спона која ја одразува независноста на судството и затоа истата е загарантирана и со Устав.

Пратеничката посочи дека во изминатиот период јавноста бурно дебатирала поради одредени прашања и дилеми кои директно ја засегнале независноста и нетранспарентноста на Судскиот совет.

„Во изминатиов период јавноста доста дебатираше на темите коишто се поврзани со една од најзначајните судски инстанци во Македонија од причина што се појавија многу дилеми и прашања кои директно засегнаа во прашањето за независноста и нетранспарентноста како од избирањето на членовите на Судскиот совет така и во однос на решавањето на горливите прашања“, рече Василевска.

Василевска објасни дека она што му е потребно на Македонското општество е да почне да се работи по словото на законот и посочи дека 72% од судиите не веруваат дека Судскиот совет успешно ја штити судската независност.

„Она што му е потребно на македонското општество е дека ние треба да почнеме да работиме по словото на Законот. Приближно 72% од судиите не веруваат дека Судскиот совет успешно ја штити судската независност и не веруваат дека унапредувањето на судиите се врши според објективни, мерливи и правични критериуми“, објасни Василевска.

Василевска укажа дека граѓаните се убедени дека политичките елити имаат директно влијание врз работата на органите на правосудството и нагласи дека во времето на владеењето на СДС и ДУИ имало директно мешање во работата на правосудството.

„Граѓаните се силно убедени дека политичките елити имаат директно влијание и се мешаат во работата на судиите и јавните обвинители. Ние во периодот на претходното владеење на СДС и ДУИ видовме дека за изјави во медиуми или за одредени наводи кои протекуваа во јавноста повремено обвинителството имаше директна комуникација со извршната власт и од таму добиваше нарачки“, објасни Василевска.

To top