Македонија

Василевска: Државата се враќа на шини, ќе покажеме со дела дека тоа што се ветува се исполнува

Таа истакна дека со СДС и ДУИ народот беше поделен, а тие се опозиција заради криминал, корупција и безредие.

Василевска: Државата се враќа на шини, ќе покажеме со дела дека тоа што се ветува се исполнува

Клучно е дека повторно државата се враќа на шини и она што беше кажано, ќе се покаже дека ќе има дела, а не зборови. Делата остануваат. Премиерот Христијан Мицкоски, тој ќе се придржува до тоа и кога ветува исполнува и ќе биде поразличен од премиерите изминатиов период, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во Топ Тема на Телма.

Таа истакна дека со СДС и ДУИ народот беше поделен, а тие се опозиција заради криминал, корупција и безредие.

– Најголемите пари ги изедоа, се отиде кај нив. Државата е на дното, со 3% доверба во судството, што треба повеќе. Повеќе од 500.000 граѓани живеат со 150 денари, истакна Василевска.

Василевска нагласи дека СДС и ДУИ на штетен начин направија работи кои не требаше да се направат, односно на штета на македонските граѓани, како и на државата.

– На многу лош начин направија промени кои не требаше да се направат и затоа денеска државата е на дното. Сега треба да се избориме за правда и за шанса за граѓаните. Борбата со негативната селекција и борбата со позитивната дискриминација ќе бидат теми во 21 век за кое треба да дебатираме за побрзо да одиме кон евроинтеграцискиот пат, рече Василевска.

Василевска потенцираше дека законодавната власт мора да биде одвоена од извршната, што не беше случај досега.

Во Собрание имаме реформски закони особено во образование. Како пратеник и тоа што ја водам собраниската комисија за образование и спорт, ќе се залагам заеднички да се носат законите, како и да се слуша гласот на опозицијата, изјави Василевска.

Најнови вести од Македонија

To top