Македонија ПОРИБУВАЊЕ

Вардар порибен со 560 кг. подмладок од крап, апел до рекреативните риболовци

Се замолуваат рекреативните риболовци, посебно во центарот на Скопје, да ги вратат сите случајно уловени примероци на подмладок на крап

Вардар порибен со 560 кг. подмладок од крап, апел до рекреативните риболовци

Денес во соработка со Град Скопје, друштвото РИБАР 2011 изврши порибување на реката Вардар со 560 кг подмладок од крап со просечна тежина од 500-800 грама.

-Се замолуваат рекреативните риболовци, посебно во центарот на Скопје, да ги вратат сите случајно уловени примероци на подмладок на крап. Контролата ќе биде засилена во наредните денови на тој потег. Бистро и чесно на вода!

Најнови вести од Македонија

To top