Кога слушнав дека во Левица го тестирале моето име и сум испливала и ме препознале како блиска до нив на првото соопштување, или кога Апасиев ми ја соопшти веста преку еден месинџер умрев од смеа, не мислев дека е сериозно, рече професор Билјана Ванковска на денешната прес конференција со претседателот на Левица, Димитар Апасиев на која ја претстави за кандидат за претседател на Македонија на претстојните избори од редовите на Левица.
Ванковска укажа и дека „не мислам само да учествувам, ако сум се нафатила чесно ќе се борам со сиот респект кон било кој кандидат“.
Благодарност до Левица која ми ја даде довербата, јас се чувствувам дел од тимот иако не сум член на партијата. Коментирав настани во моментот кога се случуваа, велат да отвориш фрижидер ќе ја видиш Ванковска, бев активна во многу движења, рече Ванковска.
„Не сум случаен минувач во политиката, овој пат сум со поголема самодоверба дека постои еден тим и дел од него во она време пред 10 години кога се кандидирав самостојно беа здружени во групи. Патриотизмот преплетен со левичарството ме врзува со нив. Немам идеја што содржи работната верзија на партијата со која ќе настапи на парламентарните избори, јас ја пишувам мојата. Ниту тие се мешаат во мојата ниту јас во нивната“, кажа Ванковска.
Ванковска посочи дека од времето кога таа се кандидирала за претседател е многу сменето и додаде „за десет години Македонија е се што немаме“.