Денес, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, направивме увид во градежните работи на новата градинка во Трубарево, објави Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.
-Овој објект, кој ќе биде дел од ЈОУДГ „25 Мај“, ќе обезбеди модерен и безбеден простор за 60 дечиња во три занимални, потенцира во објавата.
Работиме активно на проширување на капацитетите и изградба на нови градинки низ цела Македонија, со цел да ја намалиме листата на чекање и да обезбедиме достапно и квалитетно предучилишно образование за секое дете, неведува во објавата Велковски.