Времето утре (20.02.2026) во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува умерен северен до североисточен ветер, кој повремено ќе биде поизразен во источните и централните делови од земјата.
Минималните утрински температури ќе се движат од -2 до 5 степени, додека максималните дневни ќе бидат од 6 до 12 степени Целзиусови. Најстудено ќе биде во повисоките места, особено во Маврово и Берово.

За време на викендот и во првата половина од следната седмица се очекува променливо облачно време со сончеви интервали, без значајни врнежи. Утринските температури ќе бидат ниски и на повеќе места под нулата, додека дневните ќе покажат постепен пораст.
Во сабота минималните температури ќе се движат од -2 до 5, а максималните од 3 до 10 степени. Во недела утрата ќе бидат значително постудени, со минимални температури од -7 до 1 степен, додека дневните ќе достигнат 5 до 12 степени.
Во понеделник и вторник времето ќе остане променливо облачно со сончеви периоди, со утрински температури од -6 до 1, односно -3 до 4 степени, а дневните ќе се искачуваат до 15 степени. Во среда минималните температури ќе бидат од -1 до 6, а максималните од 6 до 14 степени Целзиусови.