Македонија

Утре дожд и грмежи, од петок следува топло време со температури до 18 степени

За време на викендот и до средината на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време. Во петок ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Времето утре ќе биде претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

За време на викендот и до средината на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време. Во петок ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Дневната максимална температура ќе достигне до 18 степени.

Најнови вести од Македонија

To top