Македонија

Усвоени амандмани, измените на Кривичниот законик дадено на натамошна собраниска постапка

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница ги разгледа амандманите на предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање и го проследи на натамошна постапка во Собранието.

Усвоени амандмани, измените на Кривичниот законик дадено на натамошна собраниска постапка

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница ги разгледа амандманите на предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање и го проследи на натамошна постапка во Собранието.

Од предложени 14 амандмани од власта и опозицијата, беа прифатени два амандмани, по еден од опизицијата и власта, додека 11 беа одбиени. Еден амандман беше повлечен од собраниските служби.

Членовите на Комисијата едногласно го прифатија амандманот на пратеничката група на СДСМ, со кој во членот 2 зборот „предложи“ се заменува со „определи“. Пратеничката Соња Мираковска од СДСМ образложи дека измената има за цел да ја прецизира улогата на судот и да ја усогласи терминологијата со постојните одредби на Кривичниот законик. Според Мираковска, промената ја елиминира двосмисленоста и ја зајакнува правната сигурност при практичната примена на мерката за заштитен надзор.

Прифатен беше и амандманот на еден од предлагачите, пратеничката Драгана Бојковска од ВМРО – ДПМНЕ со кој се бришат зборовите „без важечка возачка дозвола“ од членот 297-а. Според предлагачите, истечена дозвола претставува прекршок, а не кривично дело, и како такво треба да остане во законската класификација. Бојковска појасни дека се врши интервенција во која се посочува дека во случај кога лицето управува моторно возило без положен возачки испит, во времетраењето на изречената забрана за управување со моторното возило или за време на престанокот на возачката дозвола треба да остане кривично дело.

– Со предложениот амандман се врши интервенција во членот затоа што управувањето возило со возачка дозвола на која и е истечен рокот на важноста е прекршок согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и потребно е истиот да остане таков вид дело, а кривично дело да остане во случаи само кога лицето управува без да има положено возачки испит или управува за време на траење на изречена забрана за управување со моторно возило или за време на престанок на возачката дозвола, појасни Бојковска.

Комисијата не ги прифати амандманите на опизицијата во делот на конфискација на имот, за укинување на зависноста на кривичното гонење од волјата на жртвата при семејно насилство, прецизирањето на „сексуално-експлицитна содржина“, ниту барањето судот да ги зема предвид околностите, при изрекување забрана за управување возило, како и строга регулација на видео-надзорот во сообраќајот. Членовите на Комисијата не прифатија ниту амандмани, со кои, според предлагачите, се врши прецизирање и зголемување на казнената политика за злосторничко здружување и разграничување меѓу основниот облик и потешката форма на ова кривично дело, како и за заострување на казните за злоупотреба на службена положба и воведување задолжително одземање на имотната корист и за зајакнување на кривично правната заштита на децата од најтешки форми на експлоатација.

Најнови вести од Македонија

To top