Времeто во понеделник ќе биде претежно сончево и потопло. Попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.