Како што посочи министерот, 29-годишниот Александар Глигоровски бил упатен од Градска болница на 17 март во тешка состојба, додека од 4-ти април неговата состојба почнала да се влошува.
Посочи дека Глигоровски бил еден од потешките пациенти, со 35 отсто изгореници од трет степен, како и изгореници во дишните патишта.
„Александар Глигоровски имаше 35 посто изгореници од трет степен, изгореници во дишните патишта и беше еден од потешките пациенти. Другите двајца засега се критични, но во стабилна состојба. Се надеваме да бидат подобри“, рече Таравари.
Ова е вториот пациент којшто почина од вкупно 193, коишто се лекуваа надвор од државата, додаде министерот, истакнувајќи дека уште двајца пациенти и понатаму остануваат критични.
Во моментов надвор од државата се лекуваат вкупно 66 пациенти, додека во земјава десет пациенти.
„Во моментов вкупно 66 пациенти се лекуваат надвор од државата, а во земјава 10 пациенти. Останатите пациенти, освен двајцата критични, нема други потешки случаи. Се надеваме дека нема да имаме други лоши вести“, рече Таравари.